Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Медиа.мк.
Познатата македонска водителка, трндсетерка и заштитничка на животните, Мелита Ракичевиќ, денеска беше грубо нападната на нејзиниот профил на Фејсбук, и тоа од лажен фан. Инспириран од непознати причини фанот ја обработил нејзината псоледнообјавена фотографија на Фејсбук во Фотошоп, и невкусно се пошегувал дека се шминка во Фотошоп во пределот на бутините и половината пред да ги објави фотографиите. Дали младичот, кој ѝ монтирал рози и Ајфелова кула на Мелита е во право, пресудете сами.
И како во народната, покрај сувото гори и суровото, по бруталниот напад на злобниците, Мелита го затвори Фејсбук профилот и за оние кои навистина уживаат во нејзината прородна убавина. Единствено успеавме да да видиме дека злонамерната монтажа ја избришала и сега нејзината фотографија од плажа повторно блеска неизвалкана.