Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фаланга.
Серина Скот на 32 години добила ужасна дијагноза – инвазивен рак на јајниците. Докторите и дале само неколку дена живот….
Кога отишла на лекар бидејќи чувствувала силна болка во јајниците, добила страшна вест.
Таа и својот вереник Роберт планирале венчавка, па решиле ништо да не ги спречи љубовта да ја крунисаат со брак пред Бога.
Бидејќи Серина била во болница, докторите и дозволиле венчавката да биде таму.
-Не мислев дека венчавката ќе биде почеток на ново поглавје зашто мислев дека ќе умрам. Сепак, многу се радував што ќе станам г-ѓа Скот, вели таа.
Венчавката се одржала во болница, а потоа сите го очекувале најлошото поради сериозноста на болеста.
Сепак, се случило вистинско медицинско чудо – хемотерапијата почнала да делува и таа започнала чудесно да оздравува и тоа многу брзо.
Ракот се смалил доволно за да може да се оперира, а операцијата била успешна.
Лекарите ја пуштиле да си оди дома, а прогнозите биле добри.
Таа и Роберт уживаат во животот, а планираат наскоро и да посвојат детенце.