Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фаланга.
Не попусто е кажана онаа народната дека, трпение е спасение. Одвојте само неколку минути и дознајте како битолчанец ја фати сопругата со двајцата швалери истовремено..
Пред 5/6 години битолчанецот кој бил возач на камиони во светот требало утрото да замине за Шведска, но првин утрото отпатувал за Скопје. Едно стасување Скопје му кажуваат дека камионот е во дефект и мора патувањето да се одложи за недела – две. Откако ништо не биднало со патувањето, битолчанецот почнал да се вртка низ Скопје барајќи превоз за назад.
Во меѓувреме, колку е мал светот, наидува на своето југо. Му паднало многу чудно како југото се најде Скопје, кога сабајлето беше Битола, пред куќа. Застанал го југото и почнал да гледа и да се вртка во него. Регистрацијата таа е, знакчето од Пелистер внатре... Се чудел, се думал шо да праи и си рекол ќе стојам овдека кај и да е некој ќе дојди. По некој саат гледа идат двајца типци, десетина години помлади од него, идат накај југото.
Почнал муабет од типо од кај сте, да не си одите Битола, гледам според регистрацијата од таму сте... Влегле во колата и тргнале накај Битола. По пат овој го копка како и што прават со неговата кола. Почнал да ги распрашува, кај живеете, вие млади што ваква кола, да не ви е за продавање...
На едниот му пукнал филмот и му кажал дека имаат заедничка швалерка и дека мажот и заминал на пат денес па им го дала југото да завршат работа Скопје. Овој збеснал, ама се прави ко ништо да не е. За да ја фати на лицеместо си прашал дали можи да го запознаат демек сам, вдовец.
Нема проблем и онака со сите оди таја, рекол еден од типците. Стасување пред куќа и ѕвонат на врата и оваа излегла и почнале муабет. Кога сватиле типците шо е работата бегање дури можат, а и оваа сакала ама не усеала. Битолчанецо ја фаќање и внесување в кујна, слекување гола и ја седнал на ринглите од шпоретот. Ја држел додека не се онесвести и не се здобие со изгореници од највисок степен. Извор непознат.