Ликот на Елвис Присли се појави на пепел од скара

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Сител.

Крис Елиот и неговите пријатели уживале во заедничко попладне со скара и забава, но кога ја исчистиле пепелта од скарата останале без зборови...

Откако тие ја исчистиле пепелта од бетонот во дворот, пред нив се појавил ликот на Елвис Присли.

-Му викнав на другарот дека Елвис дошол да не посети, вели Крис.

Дури и една недела подоцна, ликот на Елвис се уште стои во дворот на Крис.

Тој го фотографирал местото со ликот на Кралот на рокенролот за доколку сликата исчезне од бетонот, да има спомен.

4 јули 2014 - 16:24