Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Runway.
Митот кога едно бело влакно се искоренува почнуваат да растат на тоа место две или три бели влакна секако дека не важи. Секое влакно се произведува во засебна фоликула па е невозможно да како резултат на бело влакно фоликулата направи повеќе влакна.
Белите влакна настануваат како последица на недостаток на меланин – пигмент кој е задолжен за бојата на косата. Во недостаток на боја на косата, таа е едноставно бела.
Модерната наука сеуште не пронашла решение за овој губиток на меланин, па фарбањето на косата за сега е единствен начин да се ослободите од белите влакна.
Врзано за изгледот на косата, со корнењето на белите влакна нема да го решите проблемот, бидејки белите влакна кога се кратки и силни штрчат во вис па со тоа одскокнуваат од останатите влакна на кои со тоа додатно се истакнува.