Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Македонски весник.
Иако поминаа неколку месеци од јавното „раскинување“, се чини дека времето не и помогна на 40-годишната убавица да ги преболи повредите и предавството. Нема спас за нивниот брак, пишува Мирор, а последниот потег на Канје само го забрза распадот на бракот.
Имено, по испадите на Кание, Ким и тој започнаа да живеат одделно. Поголемиот дел од времето го поминала во Лос Анџелес со своите деца, ќерките Норт и двегодишното Чикаго и синовите, петгодишниот Сент и едногодишниот Псалм и тој на неговиот ранч во Вајоминг. Извор близок на парот открил дека раперот нема намера да се врати во Лос Анџелес и да живее под истиот покрив со семејството.
Разводот на славниот пар од САД се случува во истовреме кога со разводот на Агнеса и Роберт Орданоски, бившиот директор на АЕК, па Ким Кардашион следејќи го примерот на Агнеса, по објавата на разводот, на инстаграм објави слика со нејзините деца.