Како универзумот ви укажува дека грешите?

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Попара.


Многу луѓе веруваат дека работите случајно им се случуваат, но кога ќе се поврземе со својата интуиција, откриваме дека ништо не е случајно. Ние можеби не сме во потполност свесни за тоа што создаваме со нашите постапки, но за среќа универзумот ни дава многу знакови кои ни укажуваат кога ќе застраниме од нашиот пат.

Оваа статија ќе се фокусира на предупредувањата од Универзумот кои можат да се појават во облик на непосакувани околности и случувања, а кои укажуваат дека некаде грешиме. Овие знаци се показатели дека вашата енергија оди (или заглавила) во ниски фреквенции. Вашите мисли, чувства и дела се насочени само кон негативностите, а тоа создава непосакувани последици и непосакувани ситуации.

Кога вашите мисли, чувства и дела се одвиваат на висока вибрација, работите ќе си дојдат на свое место. Ќе имате време за се и ќе ви се случуваат убави ситуации. Тоа е причината зошто е толку важно да се подигне сопствената вибрација преку позитивни чувства и позитивни мисли.

Иако имаме можност постојано да бидеме на позитивна фреквенција, предизвикот за поголемиот дел луѓе е да се остане на таа фреквенција. Тоа е затоа што нашите души се заглавени на Земјата во физичка димензија која е многу густа и побавна од повисоките, етерични димензии. Составот на нашата планета и телот е составена од многу пониски вибрациски енергии, за разлика од оние од кои се составени нашите души.

Како резултат на тоа, најверојатно одвреме-навреме ќе налетуваме на непосакувани околности, но тоа е во ред. Додека сме во состојба да ги послушаме овие предупредувачки знаци (не допуштајќи му на нашето его да се фискира на нив), можеме многу брзо да се вратиме на правиот пат.

Додека ги извршувате секојдневни обврски во текот на денот, добро е да обрнете внимание на некои од предупредувачките знаци од Универзумот. Тука ќе ги наброиме 11-те најчести знаци:

1. Ако си го набиете, исечете, скршите или притиснете прстот.
2. Ако заглавите во голема сообраќајна гужва.
3. Ако примате негативни и лоши погледи и исмејувачки и злобни коментари од другите.
4. Ако се повредите.
5. Ако одеднаш добиете неочекувани големи трошоци и сметки.
6. Ако имате лошо инстинктивно чувство во стомакот.
7. Ако се расправате со саканите.
8. Ако се разболите.
9. Ако имате силна главоболка.
10. Ако чувствувате непријатни мириси, звуци или вкусови.

Секој од овие значи е предупредување дека вам ви е потребно центрирање, концентрација и прилагодување на својата фреквенција. Кога ќе наидете на некој од овие знаци – ПРЕСТАНЕТЕ! Не продолжувајте да работите на задачата која ја правите во моментот или да продолжите со разговорот кој го водите или пак да бидете и понатаму опседнати со мислите кои во тој момент сте ги имале, затоа што тоа нема да ве одведе таму каде што навистина сакате да бидете.

Наместо тоа, дишете длабоко и излезете надвор од таа ситуација, дури и ако сте во можност одвоете една минута за размислување и медитација. Ако ги препознаете овие знаци, веднаш преземете ги следните чекори, а тоа е одморање и самоцентрирање. Овие две работи веднаш ќе ги сопрат негативниот замав.

Како последна напомена, обидете се да не бидете оптеретени со овие знаци. Постојаното зборување и размислување за нив, влијае на вашиот ум на начин на кој тој ја снижува вибрациската енергија. Прифатете ги овие знаци како тоа што навистина се, едноставни „СТОП" знаци кои велат: Предупредување, забави малку! Фокусирај се! И потоа продолжи понатаму!

Секогаш водете сметка за висината на вашите вибрации, посветете го вашето внимание и вашата енергија само на оние мисли, чувства и постапки кои вистински и длабоко се согласуваат со вашата душа, срце и интуиција.

29 мај 2016 - 21:11