Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Lady Book.
Дали некогаш сте посакале добиеното да ви заврши барем еден ден порано?! Нема нешто што нè прави понервозни од добиено на првиот ден на одмор, на состанок или кога вашето момче се враќа од долго патување. За среќа, постојат природни начини на забрзување на крајот на циклусот. Иако овие начини се сосема природни, сепак треба е да знаете дека:
- Ова не треба да го практикувате секој месец, туку само во итни случаи
- Крајот може да дојде еден ден порано
- Практикувајте ги овие работи по третиот ден од циклусот
- Доколку крварењето ви е обилно, оставете циклусот да тече по својот природен пат
- Консултирајте се со вашиот гинеколог
Витамин Ц - Пиењето на витамин Ц, ќе го намали прогестеронот во матката, со што побрзо ќе се срушат ѕидовите и ќе се забрза процесот на крварење. Витаминот Ц пијте го со многу вода.
Чај од камилица - Чајот од камилица го стимулира репродуктивниот систем и крварењето.
Топла бања - Лежењето во топла бања ќе ја зголеми температурата на телото, ќе ги опушти мускулите и ќе ја забрза циркулацијата на крвта. Со ова и крварењето ќе биде пообилно и побрзо ќе заврши.
Избегнувајте стресни ситуации - Стресот може да влијае на нивото на хормоните и на продолжување на месечниот циклус, или пак да предизвика одложување или изостанување.
Вежбање - Вежбањето исто така ќе го забрза месечниот циклус, така што ќе ја забрза циркулацијата и крварењето.