Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Lady.
Постојат многу приказни за сигналите по кои свингерите меѓусебно се препознаваат. Сепак, повеќето од нив не мора да бидат точни, Според некои теории, ваквиот стил на живот може да го издаде надворешниот изглед на куќата во која живее ваков пар, во кој ќе преовладуваат рози и виолетови украси.
Еден од знаците може да биде и накитот: прстени на палците или на ножните прсти, а паровите што практикуваат свингување особено се горди со тоа дека секојдневниот живот им е посебно нормален.
Многумина дури тврдат дека таквото сексуално однесување ги прави нивните врски уште поцврсти, затоа што сексуалното експериментирање не се одвива зад грбот на партнерот, а тоа ја засилува довербата помеѓу партнерите.
Уште еден детаљ по кој се препознаваат свингерите во Америка е пампас грмушката. Ако ја видите посадена во нечиј двор, бидете повеќе од сигурни дека таму живеат свингери.
Свингерски речник
Свингување – немоногамно однесување во кое самците или паровите се вклучуваат во сексуални активности со други како хоби.
Отворена врска - врска во која од двете страни е дозволено да се стапува во сексуални односи со други личности
Правила
– основни правила кои брачниот пар ги утврдил меѓу себе
Скала – избор од активности на кои парот се согласува во свингувањето
Целосна размена – целосна размена на сексуалните пшартнери без ограничување
Целосна размена, иста соба – целосна размена на партнерите, но двајцата партнери остануваат во истата соба
Софт размена – делумна размена на партнерите во која обично нема пенетрација
Ванила - луѓето кои не свингуваат
Еднорог – жена без партнер која свингува со парови
Режисер – личност која организира свингерско дружење, а понекогаш дури и го води.