Јелена, купи си нови чевли! Нема, ќе ги облечам уште 100 пати!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Штипка.

Откако фановите ја нападнаа Јелена Розга на Фејсбук дека безброј пати се има појавено во исти чевли и се понудија ако треба да и купат нови, се огласи и хрватската ѕвезда, огорчена што за нејзиниот пропуст пишуваат сите медиуми.

Пејачката е погодена од тоа што некои фанови и замерија што се појавила во исти чевли преку 59.637 пати, па револтирана им порача:

„Гледам дека во моментот главен проблем на нацијата се моите чевли. Па ајде да го кажеме тоа еднаш засекогаш. Ќе ги облечам уште 100 пати! Во земја во која има 380.000 невработени и една третина од луѓето живеат на работ на сиромаштијата, сметам дека е невкусно секој ден да се расфрлам со нови чевли и фустани. А ќе ви откријам и уште нешто - да не се моите прекрасни спонзори дизајнери, веројатно ќе ме гледате со многу помалку промени во текот на целата година!“, напиша таа на нејзиниот профил.

Овој став на Јелена дефинитивно е за почитување, особено доколку го земеме во предвид расфрлањето со пари на некои други ѕвезди од естрадата.

Инаку, станува збор за елегантни високи потпетици со етикетата на познатиот италијански бренд Џанвито Роси од колекцијата есен/зима 2012/2013. Овие чевли Јелена ги платила 720 евра, и истите досега ги има комбинирано со фустани, мини здолништа, трикоа, како што велат нејзините фанови, толку многу пати, што стана досадна.

„Па овие чевли станаа препопуларни. Можеби треба да собереме пари за Јелена да си купи нови“ или „Купи си веќе еднаш нови! Како да немаш пари! Па овие ги имаш облечено 59.637 пати. Грди се“ - беа само некои од коментарите што ги доби хрватската пејачка на социјалните мрежи.

Па што мислите дали Јелена е во право кога вели дека во време кога луѓето немаат што да јадат не треба да се расфрла со  скапи парталчиња и чевли, или сепак таа е ѕвезда, па за неа важат други правила?

Или пак, можеби едноставно ова е грешка на маркетинг тимот и спонзорите што досега не успеале да ја скоцкаат од глава до пети оваа прекрасна девојка?

3 март 2014 - 12:22