Јелена е убиена на 3-ти април во 3.33 часот, со 33 удари во 33-тата година…

 

Јелена е убиена со 33 удари затоа што тоа одговара на бројот на годините на Исус Христос, во времето кога бил распнат, вели медицинската сестра од Виена Рада Матиќ.

Таа е првата и единствена личност што јавно говореше дека членовите на семејството на убиената пејачка Јелена Марјановиќ се припадници на секта.

Како што пишуваат српските медиуми Рада освен со Зоран Марјановиќ се допишувала и со свекорот на убиената пејачка, Владими р Марјановиќ, кој, како што вели, се обидел и неа да ја воведе во сектата, а за да го направи тоа морала прво да помине низ нивниот ритуал, пишува српски Телеграф.

Според зборовите на Рада, Јелена е убиена во рутуален обред. И покрај тоа што пом инаа два месеци од убиството, делува дека нови детали поврзани со истрагата или барем новата тероија на завера се појавуваат речиси секој ден.

Јелена е убиена на 3-ти април во 3.33 часот по полноќ. Настрада во 33-тата година од животот и тоа од повредите со кои се здобила по 33 удари во главата. Дури и нејзиниот сопруг го пријавил исчезнувањето во полиција по три часа, вели извор од истрагата за српски Телеграф, кој напоменал дека е ангажиран и сектолог што би требало да помогне во истрагата и да утврди дали се работи за секта и која, па додава:

Нема да не зачуди ако Јелена е убиена затоа што не сакала да се приклучи кон секта.

Инаку, изворот од истрагата додал дека според неговото мислење секоја секта има свои обреди, верувања и ритуали, а дека е општо познато дека броевите 3 и 33 претставуваат симболи во светот на сектите.

Припадниците на сектите веруваат дека Исус е убиен на 3-ти април, додека православните не се изјаснуваат и неводат полемика во врска со тоа.

10 јуни 2016 - 11:53