Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Think.
И покрај сите луди приказни кои до сега ги имате слушнато за Кина, очекувајте оваа нација и понатаму да ве изненадува.
Тоа не е само бидејќи земјата е огромна и полна со различности туку и поради тоа што земјата се менува со брзина на светилината.
Денес Кина ни одблизу не наликува на Кина од пред 5 години, а нема ни да наликува на Кина по 5 години.
До 2025 година, Кина ќе изгради 10 градови со големина на Њујорк.Градовите ќе бидат изградени на простор од 40 милијарди метри квадратни. Со 5 милиони згради од кои 50 000 ќе бидат висококатници.Сето тоа е еднакво на 10 градови со големина на Њујорк.
До 2030 година во градовите во Кина ќе се досели енормна бројка на луѓе еднаква на вкупната популација на САД.До 2030 година во кинеските градови ќе се доселат 350 милиони луѓе.
Кина е дватпати поголем потрошувач на челик отколку САД, Европа и Јапонија заедно.
Ако еден ден Кина троши гориво по лице како во САД, тогаш ќе бидат потребни седум Саусдиски Арабии за да се задоволи потрошувачката.
Во Кина има повеќе христијани отколку во Италија. Кина е на пат да стане најголем христијански центар во светот.Благодарение на екстремно бриот раст на христијанството во Кина сега во земјата има 54 милиони христијани.
Кина има 150% повеќе војници отколку САД и високо технолошко оружје за масовно убивање со кое САД не може да се справи.
Кина има околу 3,4 милиони активни војници, а САД само 1,4 милиони.
40% од кинеските мали бизниси пропаднале за време на светската еконосмка криза.
Бројот на извршени егзекуции во Кина е три пати поголем отколку во остатокот од светот.
Во Кина се случуваат во просек 274 протести дневно.
50% од фалсификуваните стоки доаѓаат од Кина.
Мнозинството Кинези пијат загадена вода.Кинезите се 20 % од светската попоулација, но поседуваат само 7% од глобалните ресурси со вода.
Кинескиот бруто домашен производ (БДП)ќе го надмине американскиот до 2020 година.