Идеалниот град во Македонија според вашиот хороскоп

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот За сè.

Кој македонски град најмногу ви одговара според карактеристиките на вашиот хороскопски знак?

Овен - Скопје

Возбудата и забрзаното темпо на живот кој го има Скопје е идеален за Овновите. Тие се големи лидери, страствени, енергични со див авантуристички дух, а ги обожаваат и добрите журки. Токму поради тоа треба да живеат во главниот град на нашата држава.

Бик - Свети Николе

Свети Николе е мал град кој изобилува со ресторани кои имаат добра и вкусна храна, одлично вино и кафе- апсоултно се што му е потребно на еден Бик за да се чувствува како дома. Им одговара и тоа што е во прашање мало место, кое има паркови и зеленило со што ќе биде задоволена и потребата за природа која ја имаат припадниците на овој знак.

Близнаци - Дојран

На несекојдневната карактерна природа на овој знак ќе им одговара Дојран за живеење. Тоа што ќе бидат во близина на вода е само уште еден плус. Овој град изобилува и со убави природни богатства, кои исто така ќе им годат на Близнаците.

Рак-Берово

Раковите се романтични и креативни со многу љубов кон историјата и традицијата. Тие се одлични готвачи и ги почитуваат семејните вредности. Берово е совршено место за нив.

Лав - Струмица

Лавовите го сакаат светлото на рефлекторите и одличната забава, па поради тоа Струмица е идеален град за нив. Овде ќе можат да уживаат во добар ноќен живот.

Девица - Штип

Интелектуалниот Штип е преполн со знаменитости кои ќе ја задоволат потребата на Девиците. Има голем број на

високоучилишни установи, нешто што им е многу важно на припадниците на овој зодијачки знак.

Вага - Маврово

Ова е знак кој пред се верува во правда. Вагите се смирени и рационални, а истовремено сакаат и природа. Поради тоа за нив Маврово е идеален град.

Скорпија- Охрид

Јака, енергична и љубопитна по природа е Скорпијата за која идеално место на живеење е Охрид. Убавината на овој град, неговата драматичност, но и ноќниот живот совршено ќе им одговараат.

Стрелец- Преспа

Енергични и полни со ентузијазам се Стрелците кои сакаат да истражуваат. Поради тоа во Преспа ќе можат да најдат голем број на интересни знаменитости, а исто така ќе можат да уживаат и во вода.

Јарец - Битола

Јарците се посветени, вредни и поради тоа во Битола ќе можат да најдат голем број на работи кои ќе им го задржат

вниманието. Во величествените планини кои го опкружуваат градот ќе ги видат своите животни цели кои пробуваат да ги достигнат.

Водолија - Неготино

Водоолите ќе бидат инспирирани од преубавите знаменитости кои ги нуди овој град. Нивната авантуристична природа ќе ги задржи во Неготино кој важи за еден од поинтересните градови во нашата земја.

Риби- Велес

За нежните Риби идеално место за живеење е Велес. Нив ќе ги исполни уметничката и бајковита страна која ја има овој мистичен град.

13 јули 2017 - 14:06