Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот А1.
Горан Тодиќ е активен на својата Фејсбук страница, а неговата најнова објава збуни многумина – Гого Басе мисли дека во регионалното шоу на „Големиот Брат“ победи тој, а не Дарко Петковски.
Горан упати порака до сите навивачи и обожаватели, но се чини дека ниту тој самиот не е сигурен што сакаше да напише и порача.
„Драги луѓе, Ви благодарам уште еднаш од срце за поддршката која ми ја дававте 100 дена, за секоја номинација и можноста повеќе пати да чекорам на патот кон златната врата. Беше забавно да се игра за Вас. Вие низ мене се препознавте себеси, своите квалитети и својата СЛОБОДА! Јас сум човек од народот, мојата победа сте Вие!
Ви благодарам што пишувате, Небото ќе се потруди на сите да Ви одговори на пораките, само што ми вети!“, напишал на својата Фејсбук страница.
Изгледа Горан реши малку да си поигра со следбениците, но веќе се шпекулира дека Небо е неговото куче.
А за сигурност кој или што е Небо, сигурно ќе дознаеме во новите објави на Горан.