Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фаланга.
Она што е чудно е дека ова видео не е исмејано во коментарите и не е наречено монтажа, туку и други луѓе ги раскажале своите слични искуства со џуџиња..
Аргентинката Силвија од Санта Фе, снимила видео со минијатурно суштество како претрчува од кујната кон бавчата, додека нејзиниот син седи на подот.
„Мојот син Бенџамин го посетуваат џуџиња!“, така вели пораката под видеото објавено во април на Јутјуб, а кое во последните денови стана хит на социјалните мрежи. Бенџамин често комуницирал со невидливи пријатели, а имал и навика да се завлекува по кошевите во куќата.
- Сопругот и јас мислевме дека тоа е нормално за неговата возраст, а тогаш го снимив ова! Бенџамин тој ден се однесуваше изразито нервозно, а сфатив и зошто кога го здогледав минијатурното суштество кое зад себе оставило грозен мирис и речиси ја испразнило батеријата од мобилниот телефон – напишла Силвија, мајката на Бенџамин.
Силвија додала дека Бенџамин со тие ентитети игра и денес (сега има пет години), и дека тие мали суштества не се агресивни, само се мошне смрдливи и непријатни бидејќи знаат да врескаат среде ноќ.
Она што е чудно е дека ова видео не е исмејано во коментарите и не е наречено монтажа, туку и други луѓе ги раскажале своите слични искуства со џуџиња.