Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.
Единствена работа создаде Русинот Константин Коротков. Научниците го снимија моментот кога душата излегува од телото.
Тоа е направено благодарение на биоелектрографска камера. Така сме сведоци на вистинска револуција во медицината. Веќе човечката душа не само што се докажува, но и може да се види.
Коротков тврди дека душата се наоѓа во главата и градите на човекот и токму таму е центрирана неговата енергија. Еднаш излезена од телото, душата не исчезнува засекогаш.
Има случаи, макар и сосема малку на број, во кои душата се враќа во својот телесен дом. Во овие случаи, најчесто смртта настапува доста неочекувано, па самата душа треба да го напушти човечкото тело. Поради тоа, таа се враќа да го доврши својот земен пат.
Пронајдокот на рускиот научник е многу корисен за целата медицина. Благодарение на него, лекарите би можеле да предвидуваат кога душата е на пат да излезе од телото, односно кога состојбата на пациентот се влошува.