Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Република.
На социјалните мрежи се појавија загрижувачки неофицијални информации за случај во скопскиот трговски центар „Рамстор“ кога непознати лица од Косово украле дете додека мајка му пазарела во супермаркетот.
Таа се свртела само на секунда и забележала дека и го нема детето. Благодарение на нејзината брза реакција, влезовите во Рамстор и гаражата биле затворени, а по извесно време детото било пронајдено во гаражата, во кола со маж и жена од Косово. Детето било потстрижано за да не биде препознаено и успиено за да биде тивко. Полицијата ги привела.
Исто така, се потенцира дека ова не е единствен случај, и во трговскиот центар „Сити мол“ е забележан ваков инцидент со Косовари, кој за среќа успешно бил решен.
Затоа, родители внимавајте на своите деца!