Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот МК News.
„Се сеќавам вечерта кога мојот сопруг си дојде дома носејќи дебела папка на која стоеше ознака со доверливо. Тој беше шокиран од содржината, а тоа што го имаше прочитано засекогаш му го промени животот“.
Кога размислуваме за Идијанците секогаш ни се прикажува истата слика: Долга коса, пердуви, воени бои и томахавк (индијанска секира).Но, овој горд народ е многу повеќе од тоа, магично привлечен и длабоко духовен.
Американската војска многу често ги регрутирала Индијанците како трагачи, од времето на колонијалните војни, а потоа ги користела за пронаоѓање на населби и зимски престојувалишта на сопствениот народ. Поради тоа тие биле сметани за издајници. По пронаоѓањето следвало убиство на илјадници луѓе, масакрирани жени, деца и старци. Еве што Мкnews успеа да пронајде на интернет во врска со оваа тема.
За време на граѓанската војна, Индијанците учествувале на двете страни, а во текот на Втората светска војна „навахо“ јазикот се користел за шифрирање на пораките помеѓу американската воена команда, бидејќи непријателот не можел да ги открие и разбере истите, а Индијанците во војната се користеле како телеграфи.
Општо познато е дека Индијанците на своите непријатели им го сечеле скалпот, но причината е многу малку позната, зошто тие тоа го правеле.
Тие всушност верувале дека косата е извор на сила и моќ и дека нејзината загуба била знак дека Големиот Дух (Маниту), го напуштил дотичниот поединец.
Кога Индијанците се подготвувале за битка, косата ја превезувале околу лицето, ја правеле во плетенки, завиткана во кожни ремени, а во нив ставале пердув од сокол за да непријателот не би можел да ги фати за косата и на тој начин да им ја одземе моќта.
Освоените склапови означувале победа, како над телото, така и над духот на противникот, кого со скалпирањето ќе го обечестеле.
Американската војска, кога ги регрутирала индијанските питомци, не им сметала долгата коса, но сето тоа се променило за време на војната во Виетнам, поради обидот на војската да го „униформира“ изгледот на американскиот војник. Тоа се прекинало без никакво објаснување, а причината до ден денес се држи во тајност.
До неодамна сепак во јавноста проструија информации кои што фрлаат нова светлина на ваквите настани.
По смртта на нејзиниот сопруг, кој бил воен психијатар во институциите за грижа на виенамските ветерани и работел со поранешни војници кои биле лекувани од PTS (посттрауматски синдром), сега веќе деведесетгодишната жена, излезе во јавноста со студија на која што работела американската воена медицинска служба, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг.
Кога ги прегледала материјалите и белешките на својот сопруг, дошла до заклучок дека истите треба да бидат достапни до јавнста.
„Се сеќавам на вечерните часови, кога мојот сопруг дојде дома носејќи дебела папка со назнака „доверливо“ на неа. Внатре беа стотици страници на доверливи студии со печати од владата. Тој беше шокиран од содржината и она што тој го прочита засекогаш го промени неговиот живот.
Од тој ден мојот конзервативен разумен сопруг, пушти коса и брада, која никогаш повеќе не ги шишаше.
Од военото раководство побара и доби одобрение за него и неговите соработници да им биде дозволено да ја задржат долгата коса и брада.
За што всушност се работи?
Имено за време на Виетнамската војна, специјалните единици испраќале посебно обучени луѓе да ги пребараат индијански резервати и да соберат млади луѓе кои покажуваат способност за лесно и брзо пребарување на непознат и непријателски терен.
Пред да им се обратат, внимателно ги запишале и ги внеле во регистарот како „експерти во трагање и преживување“.
Кога почнале да ги запишуваат, почнала нивната регрутација, а потоа се случило нешто неверојатно.
Откако, по правилата на војната служба, сите тие биле ишишани, сите до еден ја изгубиле способноста, поради која биле и регрутирани. Тешките и скапи обуки и тренинзи биле залудни.
Кога биле запрашани да објаснат зошто не можат да ги исполнат барањата, постарите регрути одговориле дека по шишањето не можат да го „почуствуваат“ непријателот, дека не можат да имаат пристап до своето „шесто сетило“ и дека нивната интиуција е несигурна.
Не можеле да ги прочитаат знаците, ниту да владеат со своите духовни сетила.
Институтот за тестирање регрутирал нови индијанци трагачи, им дозволил да ја задржат долгата косата. Ги регрутирал на тој начин што направил двојки, по двајца идијанци во една група.
На едниот му било дозволено да ја носи долгата коса, додека другиот бил ишишан по војнички стандарди. Тогаш тестовите биле повторени. Се покажало дека оние кои ја задржале долгата коса, успешно го повториле тестот, а додека оние ишишаните, секој пат го промашувале.
Еве како изгледал типичен тест:
Регрутот со долга коса спиел во шумата додека му се прикрадувал вооружен непријател. Многу брзо ги буди силно чуство дека се доближува опасност. Стануваат и исчезнуваат во шумата, уште пред непријателот да стигне на нивната локација.
После тоа, еден од двајцата воени регрути добива војничко шишање и идентичен тест се повторува. Резултатот се покажал дека долгокосиот регрут на идентичен начин станува и му бега на непријателот, додека другиот, воопшто не почуствувал опасност и бил совладан.
Во документите на институтот за истражување и тестирање на трагачите стои препорака дека на сите индијански трагачи ДА НЕ БИДАТ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ШИШАНИ, и да им се дозволи да носат долга коса.
Тоа што според документите кој МКnews ги пронајде на интернет, судијата на американската воена медицинска истражувачка служба го заклучува следното:
„Косата е продолжение на нервниот систем и сосема логично и исправно е да се смета дека тоа се екстрасензорни нерви, еден вид на високо развиени „антени“ кои пренесуваат огромна количина на информации на мозочниот систем, лимфниот систем и некортекстот“.
Не само косата, туку и брадата или брковите на идентичен начин емитуваат енергија од мозокот до надворешната средина.
Шишањето е фактор кој допринесува пореметување на рамнотежата во локалниот еко систем. Исто така потстрижувањето е фактор кој предизвикува напнатост во меѓучовечките односи, кои што доведуваат и до сексуална фрустрација.
Кога ги бараме причините за пореметување на светот во кој што живееме и кога ќе се запрашаме каде тоа ние грешиме, можеби одговорот секое утро ни го дава нашиот одраз во огледалото. Индијанците тоа од секогаш го знаеле, како и сите стари култури и цивилизации… па и оваа нашата.
Дали е случајност дека историската (библиска) приказна, за големиот лидер Самсон и Далил и дека всушнсот моќта на Самсон, лежи во неговата долга коса?