Докторите во шок: Mомче снесе две јајца во ординацијата и признава дека тоа не му е првпат (видео)

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот На пауза.

Ако ви се верува 14 годишниот Акмал Руслиу од Гове, Индонезија, во последните две години снесе 20 јајца.

Акмал кажува дека редовно носи јајца од 2018 година. Последните две јајца ги “снесе” пред очите на докторите кои се уште не можат да веруваат дека ова е можно.

Докторите се сомневаат дека јајцата намерно се ставени во ректумот на тинејџерот.

“Сепак, таткото на момчето го негира тоа и кажува дека неговиот син има тешки болки во стомакот секогаш кога ќе дојде до овој феномен.

“Во последните две години, снел 18 јајца , а со последните две што тој ги исфрли во болницата, вкупно 20.

Кога го скршив првото јајце, во него имаше само жолчки. Во второто, само белка “, изјави таткото на Акмал за CNN.

Докторите го задржале Акмал во болниза за понатамошно набљудување.

20 април 2020 - 09:45