Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Скопје 24.
Во целиот свет повикот од непознат број со прашањето „Дали ме слушате?“ е означено како црвен аларм од страна на самата полиција.
Нивната цел е да го слушнат зборот „Да“ од вас. Голем број на луѓе пријавиле ваков повик во полиција и кажале дека биле вознемирувани.
Никако не го изговарајте зборот „Да“. Вие немате појма дека некој ве снима од другата страна на телефонот.
Вашиот одоговор „Да“ подоцна можат да го искористат како потврда за да ви наплаќаат услуги за кои вие никогаш не сте прифатиле да ви бидат наплатени.
За ваша среќа одоговор некогаш не значи дека вие навистина сте го прифатиле тоа. И покрај тоа што вашиот глас е снимен,не би можеле да ви наштетат се додека не го имаат бројот на вашата картичка. Доколку некогаш добиете ваков повик никако не одговарајте со „Да“ и веднаш пријавете во полиција. И од време на време проверувајте си ги сметките за да погледнете дали има некаква сомнителна трансакција.