Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Бриф.
Додека тенисерот Новак Ѓоковиќ соборува светски рекорди во тенис, неговата сопруга Јелена им е посветена на нивните деца Стефан и Тара.
Воспитувањето и образованието на малечките им е прв приоритет, па сопругата на еден од најдобрите српски тенисери на сите времиња, открива дека една писателка целосно ѝ ги променила нејзините погледи за родителството. Затоа, меѓу другото, децата не дуваат свеќички за роденден…
Станува збор за д-р Шафали Сабари, популарен стручњак за родителство. Авторка е на книгата „Свесни родители“ и се обидува да ја спои западната наука со источната филозофија.
Малата Тара неодамна го прослави својот петти роденден, а покрај фотографиите од прославата коишто ги објави на Инстаграм, Јелена напиша: „Грст прекрасни спомени за петте години на Тара! Здрави сме и заедно сме, што повеќе да посака еден човек“.
Правилата и принципите на д-р Шафали за родителството се прифаќаат од многу луѓе ширум цел свет.