Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот За сè.
Фолкерот Дарко Лазиќ вчера имаше операција на бутната коска при што му беше вграден вештачки колк, а претходната ноќ ја поминаа мирно и беше во можност да ги види своите родители и вереницата Марина.
– Дарко доби лекови против болка во текот на ноќта, така што ноќта ЈА мина мирно. Беше тоа сосема нормална постоперативна ноќ – изјави лекарски извор од болницата.
Според докторите, закрепнувањето ќе трае најмалку шест месеци, а Лазиќ ќе остане во болницата најмалку уште еден месец.
Поради можните компликации, лице со повреди како што е Дарко мора да биде под постојан медицински надзор најмалку еден месец. Веднаш по операцијата му беше променета позицијата на телото и главата на креветот за да се намали ризикот од собирање вода во белите дробови. Покрај овој ризик него му се заканува и емболија, блокада на артеријата од згрутчување на крвта и тромбоза, па треба да прима зголемена антикоагулантна терапија – објаснил лекарот.
Лазиќ ќе добие помош, патерици или помагало за полесно движење, за да може да застане на нозе.
– Тој мора да застане на нозе во следните неколку дена. Поради скршени ребра и комплетната ситуација, закрепнувањето и проодувањето мора да одат постепено. Сите околу него и тој самиот треба да бидат многу трпеливи – заклучил докторот, пренесува Свет.рс.