Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Нимфоманијата е уште еден женски проблем на кој не му е посветено доволно внимание. Тој би требало да се третира како психосексуално пореметување, а не како личен избор. На тој начин на многу жени би им било полесно да се соочат со овој проблем и да побараат помош.
Нимфоманијата е проблем кој може сериозно да го оптерети животот на една жена. Но не секоја голема желба за секс е знак дека сте нимфоманка. Ова се некои од знаците кои би требало да ве загрижат.
Сексот ви е главна мисла во поголемиот дел од денот?
Неверствата се оправдани?
Често купувате секс играчки?
Секојдневно мастурбирате?
Тажни сте по сексот?
Ако на поголем дел од прашањата одговоривте позитивно, време е да одите на лекар. Не срамете се од својот проблем.