Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот delcevo.org.
Денеска за време на граѓанскиот собир за подршка на македонските безбедносни сили во Делчево се случи неверојатен природен феномен, кој вчудоневиди многумина.
Имено на една од фотографиите направени за време на граѓанскиот марш за подршка на македонската полиција од страна на граѓаните на Делчево, над јарболот со македонското знаме поставен во градскиот парк во Делчево се појави невообичаена небесна светлина околу самиот јарбол.
Без да донесуваме никакви заклучоци ќе оставиме нашите читатели да донесат свој личен заклучок за што станува збор.
На граѓанскиот собир присуствуваа неколку стотици граѓани-жители на Делчево кои ја изразија својата безрезервна подршка на македонските безбедносни структури.
Македонското знаме од рацете на граѓаните беше предадено на припадник на безбедносните сили кој беше на својата работна задача за обезбедување на собирот.
Потоа претставници од насобраните граѓани и полицијата македонското знаме го положија пред споменикот на паднатите борци од НОВ каде присутните можеа да запалат свеќи и да се поклонат пред делото на загинатите припадници на полицијата во Куманово.
По се изгледа Господ Бог е над Македонија и со Македонците.
Нека им е вечна слава на македонските херои.