Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Среќа.
Сигурно на многумина од вас ви се случено да се разбудите во средина од ноќта. Просторијата е темна и кога погледнувате во часовникот тој повторно ви го покажува истото време кога сте се разбудиле претходната ноќ, ноќта пред неа. И уште неколку ноќи претходно. Но, дали сте се запрашале што значи ова?
Сигурно на многумина од вас ви се случено да се разбудите во средина од ноќта. Просторијата е темна и кога погледнувате во часовникот тој повторно ви го покажува истото време кога сте се разбудиле претходната ноќ, ноќта пред неа… И уште неколку ноќи претходно. Но, дали сте се запрашале што значи ова? Зошто вашето тело одеднаш одлучува да се буди во одреден час? Ова секако не е добар знак. Будењето на средина од вашето спиење и потоа повторното борење да заспиете, прави наредниот ден да бидете уморни.
Не е тајна дека на вашето тело му треба редовен и длабок сон за да остане во здрава состојба, а постои една теорија која вели дека будењето во одредено време од ноќта всушност е знак дека на вашето тело му се случува нешто. Па, доколку и вам ви се случува ова, тогаш тоа значи дека нешто не е во ред со некој ваш орган. Оваа теорија има корени од кинеската практика Фенг шуи, која го поврзува времето од денот, делот од телото и емоционалната состојба. Во продолжение погледнете што може да значи одредениот час во кој се будите во текот на ноќта.
Што значи внатрешниот часовник?
Сечие тело има внатрешен циклус на будење и спиење. Количеството и времето на спиење се разликуваат од една до друга личност и тоа исто така се менува со текот на годините, каде што на постарите луѓе им е потребен помалку сон. Во Фенг шуи, одредени часови од денот се поврзуваат со различни делови од телото. Така, будењето секоја вечер во исто време укажува на проблем на некој дел од телото или пак, на емоции поврзани со него.
Зошто спиењето е толку важно?
Секој човек поминува околу една третина од животот во спиење, но тоа не значи дека тоа е залудно потрошено време! Всушност, многу е потребно за да останете живи. Додека спиете, вашите тела полека заздравуваат, хормоните се регулираат и во основа ве подготвуваат за наредниот ден. Без соодветно спиење, нема да бидете здрава личност. Па тогаш, зошто вие се будите во текот на ноќта за да го нарушите сето ова? Можеби токму тука лежи основниот проблем.
Ноќен внатрешен часовник
21:00 – 23:00: Проблеми со тироидната жлезда
Доколку се разбудите во некои од овие часови, може да имате проблем со вашата тироидна жлезда. Доколку имате проблеми со спиењето во раните вечерни часови, тогаш тоа значи дека имате проблеми да се смирите доволно за да заспиете. Надбубрежните жлезди се одговорни за борба, односно за хормонот кој се бори – адреналинот.
23:00 – 01:00: Проблеми со жолчката
Жолчката е важна за време на варењето и апсорпцијата на храната, а доколку се будите во овој период тоа значи дека имате проблеми со неа. Кинеската традиционална медицина ја асоцира жолчката со вознемиреност и незадоволство, па тоа исто така може да значи дека постои нешто во вашиот живот што ви предизвикува нервоза.
01:00 – 03:00: Проблеми со црниот дроб
Во времето помеѓу еден и три часот наутро телото се чисти, отстранувајќи ги непотребните материи од крвта и другите тиква. Вашиот црн дроб е орган кој е задолжен за детоксикација, а се поврзува токму со овие часови. Будењето во ова време може да значи дека имате премногу „отпад”, на пример во форма на негативни емоции, при што треба да се обидете да го исчистите. Исто така имајте предвид дека за здравјето на вашиот црн дроб потребно е да пиете многу вода, како и да го намалите внесувањето на алкохол и кофеин.
03:00 – 05:00: Проблеми со белите дробови
Во ова време крвта и кислородот се пумпаат во мускулите, обновувајќи ги клетките со кислород кој е од витално значење. Ова надополнување е значајно за да се чувствувате добро по напорно поминатиот ден. Традиционалната кинеска медицина исто така ги поврзува белите дробови со чувство на загуба и тага. Па, доколку се будите во овие часови, тоа може да е знак дека се чувствувате празно по губењето некој кој ви бил од големо значење и за тоа немате емоционална замена.
05:00 – 07:00: Проблеми со дебелото црево
Исто како и црниот дроб, така и дебелото црево го чисти отпадот од телото и е последната дестинација за какви било несакани прехранбени производи. Доколку се разбудите во текот на овој период, особено со потреба да го користите тоалетот, тоа би можело да значи дека нешто се случува во вашето дебело црево. Будењето во овие часови би можело да укажува на тоа дека треба да преиспитате каде сте и што треба да пуштите да си замине од вашиот живот.
Дневен внатрешен часовник
07:00 – 11:00: Проблеми со стомакот и слезината
И покрај тоа што повеќе забележително може да биде во текот на ноќта, вашето тело се однесува слично и во текот на денот. Падот на енергијата, чувството на анксиозност и други непријатности во текот на денот исто така може да бидат поврзани со некои органи и емоции. На пример, времето од седум до единаесет часот се поврзува со слезината и стомакот. Тука е важна исхраната и подготовката за претстојниот ден. Ете затоа појадокот е од особено значење.
11:00 – 15:00: Проблеми со срцето и тенкото црево
Доцните утрински и раните попладневни часови се поврзуваат со срцето и тенкото црево, кои пак од друга страна се поврзани со комуникацијата и односите. Доколку се чувствувате непријатно во овие часови, земете некое јадење, движете се наоколу или пак зборувајте со некој кој може да ви го подобри расположението.
15:00 – 19:00: Проблеми со мочниот меур и бубрезите
Чувството на исцрпеност во овој период може да значи дека треба да ги преиспитате своите постапки, вклучувајќи го и тоа што јадете и што правите. Овие органи се поврзани со одредени лични карактеристики и физички и емоционални, па ве потсетуваат да го сочувате она што го имате.
Како можете да го прилагодите вашиот внатрешен часовник?
Доколку забележавте дека се будите во средина од ноќта, се чувствувате исцрпени во средина на денот или пак се соочувате со некои други непријатности постојано во ист дел од денот или ноќта, треба да размислите што е она што сте го правеле и што би можело да придонесе да ви се случува тоа. Овде се вклучени навиките, начинот на исхрана, односите со другите и стресот. Обидете се да пронајдете што е она што ви предизвикува проблем и настојувајте тоа да го решите, при што можеби ќе го подобрите и квалитетот на вашето спиење.