Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот За сè.
Пејачката со албанско потекло, Бебе Реџа, на „Инстаграм“ откри дека јадела македонски ајвар пред доделувањето на Греми наградите. Таа објави видео од својата ужина, а на масата пред неа стои полупразна тегла на која пишува „Билјана – македонски ајвар“. Пејачката, чии родители потекнуваат од Дебар и Гостивар, на фановите им откри дека ајварот е едно од нејзините омилени јадења.
„Пробувам да каснам нешто здраво пред црвениот тепих на Греми, па денеска јадам ајвар и го обожавам, има и крем сирење, компири… Сега одам да се спремам за наградите“, вели пејачката во видео-пораката.
Таа изминатите денови беше актуелна во јавноста по изјавите дека никој од светските дизајнери не сакал да ѝ даде фустан за Греми наградите затоа што била дебела. Таа викендот настапи на забавата на „Спотифај“, но среде настап почнала да пцуе оти никој во публиката не ги пеел нејзините песни.