Анета Молика остана будна цела ноќ: Татијана Стефановска и дојде на гости и НАПРАВИ ХАОС, па мораше да интервенира сопругот!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.

Откако се вратија од турнеја, популарните битолски фолкерки Татијана Стефановска и Анета Молика, решија да се видат на домашен терен, односно во домот на Анета и Џими Мицевски.

Анета подготви мезе и чаши вино, но имаа проблем со вирус на ТВ примникот, па Татијана со своите вештини кон технологијата го среди проблемот ама направи хаос во распоредот со програмите. Домаќинот Џими ја пофали гостинката што им ја реши маката, но на крај мораше да интервенира и сопругот на Татијана, Митко кој ја надополни својата сакана и ги нареди каналите по мерак на домаќините.

Анета пак, не пропушти тоа да го сподели на социјалните мрежи и да покаже дека Митко на крај дополнително им ја разубавил вечерта.

 

26 март 2017 - 19:36