Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Македонската фолк пејачка пронајде инспирација во модниот избор на светската поп дива.
Во мај 2012 година на еден од најголемите модни настани на светот – балот „Met Gala“ Бијонсе се појави во сензационален фустан од Живанши.
Пејачката носеше драматична креација со пердуви и материјал кој се влечеше зад неа како на венчаница. Под црната тантела имаше боди во боја на кожата, кое ја загреваше атмосферата прикажувајќи ја фигурата на Бијонсе во сиот свој сјај.
Нејзиниот моден експеримент ги подели модните критичари, па некои велеа дека премалку оставила на имагинацијата со цел да го привлече вниманието по секоја цена.
Но изгледа дека оваа драматичност на Бијонсе и се допадна на нашата фолк пејачка Адријана Алачки, која за свадбата на нејзината ќерка Грациела пред малку повеќе од една седмица облече имитација на познатиот фустан со пердуви. Мора да признаеме дека за нејзини години таа изгледа одлично, но не сме сигурни дека ова е вистинскиот избор за неа.
Сепак сигурни сме дека среќната мајка и свекрва била во центарот на вниманието за време на свеченоста во хотелот „Александар Палас“.