Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Доказ.
По две успешни години поминати на естрадата, Александар Стевановски официјално се повлекува од естрадата“
Алексаднар Стевановски официјално се повлекува од фолк естрадата на која успешно пловеше две години.
До редакцијата на порталот Доказ.МК пристигна писмо испратено лично од Александар, еве што пишуваше во писмото: „Пред две години започнав еден нов живот, го остварив она за кое што сонував, почнав да го живеам сонот. Цели две години пловев по бурните естрадни води, често бев изложен на страшни бури но и на слатки моменти кои со себе ги носи тој нереален свет исполнет со омраза и конкурентност. Првата песна, како и сите други беше снимана во студиото на легендарниот и веќе докажан Сашо Митковски, по долго сонување и заблудни обиди се појави човек кој ми помогна да ја снимам песната, и да го остварам сонот, оваа прилика ја користам да му се заблагодарам од се срце што ме воведе во овој брановит но интересен свет. За две години снимив околу 5 песни на кои текстовите се напишани лично од мене, повеќето аудио композиции се на господин Сашо Митковски, некои се комплетно мои, со негов аранжман. Во изминативе две години постигнав доволно за да на некои луѓе им биде криво што ја донесов оваа одлука, стекнав многу пријатели, запознав многу интелектуални личности за кои некој може само да сонува, а мене тие личности ми станаа секојдневие. Како одминуваше времето така и упорноста беше се поголема, паднаа и неколку соработки на релација текстописец – изведувач, како и дует песна со фолк пеачка за која го искористив скромното легитимно право да ја внесам во естрадата, и на која безусловно и помагав, знам колку е тешко на почетокот, па ми е драго што конечно и колешката си го живее сонот. Паднаа и неколку соработки во кои се јавувам како кантавтор, или комплетен автор на песни кои ги испеаа неколку мои колеги. Но тоа беа добрите страни на естраата, нема да потенцирам која е конкретната причина за моето повлекување од естрадата, само ќе кажам дека причината е од личен, приватен карактер. Уште еднаш сакам да упатам безмерна благодарност на човекот – светец во мојот живот, на човекот кој безусловно ми помогна, а тоа е господин Зоран Стефановски. И на крај ќе ги поздравам сите поранешни колеги, колешки, и малиот круг на луѓе кои постојано ми помагаа.“ Беше дециден Александар.