
Темна материја може да исфрли смртоносни метеори на Земјата, со опасност за масовно истребување, што личи на катаклизмата која ја заврши ерата на диносаурусите, велат научниците од Хардвард.
(Фото: Flickr/dcysurfer/Dave Young)

Научниците неодамна соопштија дека тенкиот и густ дел од темната материја е оддалечен 35 светлосни години и сместен е покрај должината на Млечниот пат. Сонцето патува горе-долу, додека истовремено кружи околу центарот на галаксијата.
(Фото: Wikipedia)

Научниците велат дека „дискот“ направен од темна материја, може да ги измести орбитите и кометите во надворешниот сончев систем.
- Ова би можело да нè доведе до катастрофални напади на астероиди на Земјата, исто како кога заврши ерата на диносаурусите – изјавиле Лиса Рендал и Метју Рис од Хардвард.