Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот MKD News.
Кукла
Куклата нема само едно значење. Ако си играте со неа, тоа значи кавга. Меѓутоа, ако подарите кукла, тоа укажува на нова љубов.
Голотија
Ова сите почесто го сонуваме. Ако се соблекувате или веќе се голи, тоа укажува на ново партнерство. Таа непозната личност може да биде важна за вас, односно личност со која може да имате романса.
Постелнина
Креветот и постелнината укажуваат на љубов и на тоа дека сте во можност да прифатите нови емоции. Ако снонувате бела постелнина, тогаш битете сигурни на промени на љубовно поле.
Густа шума
Ако сте во шума и не можете да го најдете излезот, тогаш не сте подготвени за доаѓањето на новата романса. Меѓутоа, успешното бегство значи дека сте созреале за нов однос и наскоро ќе ја пронајдете саканата личност.
Семиња
Семето е симбол на плодност. Така е и во љубовта. Ако на сон ви се појави грст семиња, тогаш сте отворени за нова емоција. Меѓутоа, ако сонувате жетва тоа значи дека треба да се решите од лошите особини кои до сега го спречувале појавувањето на нови личности во животот.