Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 350 гр. туна
- 3 парчиња млад кромид
- 6 гранчиња свеж магдонос
- 1 црвена пиперка
- 1 краставица
- 1 црвен кромид
- 1 лажица вегета
- сол и бибер
- 4 листови зелка
Прелив
- 5 лажици маслиново масло
- 1 соја сос
- 1 лажица оцет
Подготовка
Туната исцедете ја од сосот во конзервата. Во еден сад измешајте ја туната со ситно исецкани млад кромид, магдонос и пиперка. Потоа додадете многу ситно исецкан црвен кромид и зачинете по вкус. На крај додадете го преливот, измешајте со лажица и оставете ја смесата во фрижидер во покриен пластичен сад околу еден час.
По еден час Поделете ја смесата од туна на 4 еднакви делови и секој дел замотајте го во лист свежа зелка. Послужете веднаш.