Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
4-6 лица
Состојки
- 200 гр. црни маслинки, исчистени од семки
- 400 гр. зелени маслинки со пиперче
- 100 гр. сецкани моркови
- 100 гр. сецкани кисели краставички
- 100 гр. зелени пиперки, ситно сецкани
- 300 гр. печени црвени пиперки, излупени и исецкани
- 5 чешниња лук
- 1 лажица оригано
- 150 мл. маслиново масло
- сол и бибер
- марула
Подготовка
Исецкајте ги во голем сад сите состојки освен марулата, зачинети ги со сол, бибер, оригано и маслиново масло и ставете ги во фрижидер да одстојат преку ноќ.
Салатата послужете ја со сецкана марула и потпечен леб.
Пријатен апетит!