Тестенини на 101 начин

Таљатели со пилешко и спанаќ

Вкусни таљатели со спанаќ, пилешко и хопла.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 300 гр. таљатели
  • 400 гр. пилешки гради
  • 150 гр. спанаќ
  • 3 парчиња лук
  • 250 мл. хопла
  • путер
  • сол и бибер

Подготовка

Сварете ги таљателите според инструкциите од пакувањето.

Во меѓувреме пилешкото исецкајте го на тенки ленти. Загрејте путер во голема тава на висока температура и додајте го пилешкото. Пржете го 4-5 минути додека не се испржи. Додадете го ситно сецканиот лук и сецканиот спанаќ и пржете додека не омекне спанаќот. Додадете ја хоплата и гответе 3-4 минути, па зачинете со сол и бибер. Сварените таљатели изцедете ги, додадете ги во приготвениот сос и убаво промешајте. По желба декорирајте со сецкани маслинки.

Добар апетит!

22 ноември 2012 - 07:00