Тестенини

Печени домати со шпагети

Уште една вкусна варијанта на омиленото италијанско јадење.

Време на подготовка:
 мин.

Време на готвење:
 мин.

Вкупно време:
 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 5 домати, исечени на парчиња
  • 350гр. шпагети
  • 300гр. замрзната боранија
  • 10 лажици сецкан магдонос
  • 80мл. маслиново масло
  • 1 мало чешне лук
  • 60мл. сок од лимон
  • 1 лажица ситно рендана кора од лимон
  • 200гр. фета сирење

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Поставете ги доматите во плех обложен со хартија за печење. Зачинете ги со сол и маслиново масло и печете ги 20 минути.

Сварете ги тестенините во тенџере со вода според упатството на ќесата. Во последните 5 минути од готвењето додадете ја боранијата. Процедете ги шпагетите со боранија од водата и вратете ги во тенџерето.

Исецкајте го со блендер магдоносот зачинет со сол, бибер, маслиново масло и лук. Додадете сок од лимон и лимонова кора. Додадете ја смесата од магдонос во тестенините и добро промешајте. 

На крај додадете ги печетните домати и изронете фета сирење.

На здравје!

22 март 2013 - 07:00