Сладолед

Торта Аљаска

Вкусна сладолед торта.

Време на подготовка:
26 мин.

Време на готвење:
4 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 2 парчиња готов пандишпан за торта
  • 500мл. сладолед од јагода
  • 1.25л. сладолед од ванила
  • 4 белки од јајце
  • 100гр. шеќер во прав

Подготовка

Во еден сад ставете го сладоледот од јагода и промешајте го со дрвена лажица за малку да омекне.
Врз чинија за сервирање поставете го едниот пандишпан. Филувајте го со целиот сладолед од јагода. Врз сладоледот ставете го вториот пандишпан. Покријте ја тортата со фолија и ставете ја во замрзнувач.
Ставете го сладоледот од ванила во длабок сад и мешајте го со лажица за да омекне малку. Извадете ја тортата од фрижидер и филувајте ја со сладоледот од ванила од сите страни. Вратете ја тортата во фрижидер.
Во длабок сад ставете ги белките и матете ги со миксер. Кога ќе се изматат во пена додадете го шеќерот една по една лажица и продолжете со матење. Филувајте ја тортата со шлагот така што целосно ќе го покриете сладоледот од ванила. Оставете ја тортата во замрзнувач преку ноќ.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Печете ја тортата во загреаната рерна 4 минути додека да добие шлагот од белки златно жолта боја.
Послужете ја веднаш. На здравје!

11 мај 2013 - 10:34