Овошни мафини

Мафини од бело чоколадо

Рецепт за овошни мафини од бело чоколадо, малини и ореви.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 100 гр. бело чоколадо
  • 155 гр. шеќер во прав
  • 300 гр. брашно
  • прашок за пециво
  • 80 гр. крупно сецкани ореви
  • 130 гр. замрзнати малини
  • 1 јајце, лесно изматено
  • 120 мл. масло
  • 180 мл. јогурт (не многу кисел)

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете хартија за печење во калапите на тавче за 6 поголеми мафини.
Измешајте во сад рендано бело чоколадо, шеќер, брашно и ореви. Исецкајте ги половина од малините и заедно со целите додадете ги во смесата. Изматете јајце, масло и јогурт. Додадете ги во смесата со брашно.
Измешајте го добро тестото за да се распределат рамномерно сите состојки. Поделете го тестото во калапите за мафини. Печете ги 20 минути додека да добијат златно жолта боја.
Оставете да одстојат 5 минути пред да ги извадите од калаптите. Послужете ги веднаш.
На здравје!

6 март 2013 - 07:00