Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
5 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 60гр. чоколадо за готвење
- 60гр. чоколадни зрнца за декорација
- 16 бисквити со чоколадни парченца
- 8 топчиња чоколаден сладолед
Подготовка
Ставете го чоколадото за готвење во огноотпорен сад. Садот поставете го врз тенџере со зовриена вода. Садот не треба да ја допира водата. Полека топете го чоколадото на пареа.
Ставете ги чоколадните зрнца во чинија. Намачкајте ги половина од бисквитите од едната страна со растопено чоколадо па потоа декорирајте ги со зрнцата. Поставете ги во плех и оставете ги во фрижидер 5 минути за да се стврдне чоколадото.
Поставете ги преостанатите бисквити на чинија. Поделете го сладоледот, по една топка врз секоја бисквита. Потоа притинсете ги одозгора со декорираните бисквити. Послужете ги чоколадните сендвичи веднаш.