Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
15 парчиња
Состојки
- 200 гр. путер
- 100 гр. кафеав шеќер
- 270 гр. брашно
- 50 гр. какао
- 450 гр. корнфлекс
Прелив
- 1 лажица путер
- 330 гр. шеќер во прав
- 2 лажици какао
- 2 лажици жешка вода
- 15 ореви
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете плех со хартија за печење.
Измешајте ги во еден сад путерот и кафеавиот шеќер и матете ги со миксер додека до добиете кремаста смеса. Додавајте една по една лажица од брашното и какаото и продолжете со мешање. Внимавајте да не ви останат грутчиња непромешано брашно. На крај додадете го корнфлексот.
Со лажица формирајте топчиња од смесата и редете ги рамномерно на подготвениот плех. Оставете простор помеѓу топчињата за да не се залепат при печењето. Со вилушка лесно притиснете ги топчињата.
Печете ги во загреаната рерна 15-20 минути. Потоа оставете го да се изладат.
За да го подготвите преливот изматете ги путерот и шеќерот во прав, па додадете го какаото. Додадете 2 лажици жешка вода за преливот да биде доволно течен. Со лажица прелијте ги колачите со чоколадниот крем и декорирајте ги со орев.