10-минутен десерт

Нутела торта во чаша

Одлична идеја кога ви се јаде нешто благо а немате време за готвење.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
5 мин.

Вкупно време:
10 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 4 лажици брашно
  • 1 прстофат прашок за пециво
  • 4 лажици бел шеќер
  • 1 јајце
  • 3 лажици какао во прав
  • 4 лажици Nutella
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици масло за готвење

Подготовка

Додадете ги сите состојки во еден сад и добро измешајте ги со вилушка додека да добиете изедначена смеса. Потоа поделете ја смесата во 2 поголеми чаши за млеко.

Ставете ги чашите во микробранова печка уклучена на максимум и гответе ја тортата 2 - 3 минути.

Декорирајте ја нутела тортата со шлаг и чоколаден прелив или сладолед.

24 мај 2012 - 07:00