Состојки
- Полна рака ореви
- 4 јајца
- 50 грама путер
- Сол и бибер
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање: Земете ги свежите ореви и исечкајте ги на мали парчиња... Не сакаме да ги исечкаме премногу ситно...
Чекор 2: Искршете ги јајцата и изматете ги со сол и бибер.
Чекор 3: Овде почнуваме да го правиме омлетот... Истопете малку путер во тавата и ставете ги оревите.
Пржете ги 4-5 минути на средно слаб оган. Ќе се ослободи дел од маслото и вкусот на оревите, но не сакаме тие да изгорат.
Чекор 4: Ставете ги јајцата и измешајте ги... потоа оставете ги да се испржат...
Намалете го огнот за омлетот да не загори и целосно да се испржи.
Чекор 5: Време е за сервирање: Едноставно излизгајте го омлетот од тавата во чинија и спремни сте за јадење.
СОВЕТ: Комбинацијата од путер, јајца и ореви е одлично вклопена во овој богат рецепт. Омлетот е одличен брз и лесен ручек или појадок... Овој рецепт можете дури да го направите и сладок ставајќи малку шеќер во јајцата или завршувајќи го рецептот со мед.