Состојки
- 7 жолти лимони
- 6 зелени лимони
- 1 килограм шеќер
- 1 литар вода
- 3 или 4 тегли за полнење
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Експрес лонец.
Подготовка
Чекор 1: Ставете добро измиени 7 жолти и 6 зелени лимони во Делимано Експрес лонецот и прелијте ги со 1 литар вода. Вклучете го Експрес лонецот на највисока температура додека да се подигне црвениот индикатор. Потоа наместете ја температурата на ниска или средна и варете 12 минути.
Чекор 2: Откако ќе завршите со варењето, испуштете ја пареата, тргнете го капакот и овошјето ставете го во ладна вода, а водата од експрес лонецот чувајте ја за подоцна.
Чекор 3: Почекајте овошјето да се олади и потоа со мал остар нож извадете ја внатрешноста , а корите ставете ги во посебна чинија.
Чекор 4: Внатрешноста од лимоните вратете ја низ цедалка во истата вода во која се вареле, обидувајќи се да исцедите што е можно повеќе од овошјето.
Чекор 5: Дел од кората ситно исечкајте ја и додадете ја во смесата, количината на кората е по желба.
Чекор 6: На крај додадете 1 килограм шеќер и оставете да врие околу 20 минути додека мармаладот да се згусне и да стане со структура на гел. Внимателно набљудувајте го додека се вари.
Чекор 7: Загрејте ги теглите во рерна пред во нив да го ставите мармаладот. Оставете го да се олади па потоа убаво затворете ги теглите. Послужете го со леб и путер и уживајте!
СОВЕТ: Рецептот за класичниот шпански мармалад од портокали е сличен со овој, па затоа пробајте ја и таа варијанта. Киселиот вкус на лимоните е неутрализиран со шеќерот. Можете да додадете и ѓумбир или виски за дополнителен вкус!