Мексиканска лазања

Состојки

  • 8 големи тортиљи (по 2 за секој слој)
  • 1 килограм мелено месо
  • 7 лажици црвен грав
  • 2 главици бел кромид
  • 3 чешниња лук
  • чили во прав
  • 500 милилитри доматен сос
  • кашкавал за преливот
  • 5 лажици кисела павлака

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење и Делимано Ростер.

Подготовка

Чекор 1: Време е за сечкање: Исечкајте ги двете главици кромид и потоа изгмечете ги и ситно исечкајте ги трите чешниња лук.

Чекор 2: Пропржете ги кромидот и лукот во малку маслиново масло. Ставете и малку сол за да не изгорат. По неколку минути ставете го и меленото месо и пропржете го. Ставете доста чили во прав, а веднаш по него и црвен грав. На крај прелијте ги состојките со 500 милилитри доматен сос и оставете ги да крчкаат. Можете да додадете и коцка за телешка супа ако сакате поинтензивен вкус.

Чекор 3: Време е да ја наредиме “лазањата” – исечете ги тортиљите за да можете да ги ставите во правоаголниот Делимано Ростер. Доволни ќе бидат 2 тортиљи за секој слој. Покријте ги тортиљите со филот со месото. Повторете ја постапката 4 пати. Ставете од месото и одозгора, а потоа изрендајте кашкавал, ставете неколку лажици кисела павлака и уште малку црвен грав. Ако сакате можете да ставите и мали парченца начо чипс.

Чекор 4: Печете ја лазањата во рерна на температура од 150 степени 20 минути додека кашкавалот да се стопи и да почне да станува крцкав. Извадете го Ростерот од рерна и сервирајте големо парче лазања на чинија со лути зелени пиперчиња.

СОВЕТ: И, што мислите? Ова е одлична промена во однос на класичната лазања и исто така е прекрасна послужена студена наредниот ден. Овој рецепт лесно ќе најаде осум гладни усти и мислиме дека ќе стане едно од омилените семејни јадења!

27 јануари 2014 - 08:00