Македонија, озгора и отаде

Со сите оние македонштини и булшит детектори, ние цело време зумираме во Македонија и затоа не е чудно што често ни останува неубав вкус во устата. А финтата било да се одзумира. Без детали, без ситници, сосема поинаков вкус. Штета што Македонија е толку поубава колку што пооддалеку ја гледаш.

Битола го има Свежио

Свежио е уште еден од битолските ликови. Има подвижен мини-маркет (турка количка со производи по Широк Сокак и продава) и како ретко кој знае што треба да прави за да продава. Би збореле ние и друго за Свежио, ама Свежио знае подобро да ви каже сè што треба. Точка ком точка мк.

Клиничка смрт на еден изнемоштен пациент

Име на пациентката: Хигиена. Третирана на врвната медицинска институција во Република Македонија - Клинички центар Скопје (дополнително инфо за локацијата - стотина метри од Министерството за здравство). Бог да ја прости. Предупредување: сликите се post-mortem.

Паљото како Bear Grylls

Не неколкумина битолчани кои ми фрлија ишарет им пишав дека нема да ги објавам клиповите бидејќи иако бескрајно го сакам Паљото, видеата  му се тиња. Сè додека еден од нив не ми одговори: Баш затоа се прејаки! И стварно, баш затоа! Несудениот битолски градоначалник гледал Дискавери, ја сконтал финтата и еве го на Пелистер, тивко, полека, да не ги разбуди мечките. Акција, возбуда, трилер, напнатост, опасност....не.

Многу сум возбудена, Драгане

Можно е да си многу возбудена. Ние ја допуштаме и можноста дека не си баш од најбистрите.
п.с. апел до водителите на квизови: да не им помагаат по дифолт на сите што ќе им се јават, вклучувајќи ги и упадливо глупите, пошто така се прави негативна генетска селекција, се наградува глупоста, се разочаруваат младите, се сјебува цела шема во вселената...