Да ја преплавиме Виена со македонско шише

Нашата Јасна Салих учествува на еден виенски конкурс за дизајн на шише. Паричната награда е скромна но затоа имаме можност да ја преплавиме австриската престолнина со 10 милиони шишиња (!) кои ќе бидат потпишани од една Македонка.

Кре-те-ни!

Може и вие некому сте му рекле: "Што знам едни кретени, не си видел такви идиоти." Ама, ако не мислите на овие прекрасни идиоти, тогаш ништо не ви значи муабетот.

Финалните резултати

ВМРО-ДПМНЕ 58
СДСМ 36
ДУИ 15
ДПА 7

Ајд' полако!

Мантрата против Калина (назад, назад) адаптирана за изборите во Црна Гора. Чисто предизборно и за јачање на нацијата, во спотот има и Црногорец што физички работи.