Какви сè музики преживеавме

Кога човек слуша денешни срања од музика, може крајно наивно да помисли дека е тоа ексклузивитет на ова време, дека порано не можело такво нешто јер се знаел некаков ред и имало некои стандарди. Ево вам га на: 1987-ма година, група Присобрани. Џемпер - баклава, молитва - рисјанска, хумор - неиздржлив. 

Да симнеме тоа гаќите

Прво фатија да муваат кликови со жена со тенџере како да е во Охрид па потоа масовно ни го понудија човекот во бела гаќа и салонска кондура како тетовчанец. Да го видиме тетовецов:

Лепа Брена, одамна склона кон самоповредување

Деновиве беше дирљиво да се чита како македонските медиуми ја покажаа целата своја јудскост кога иако длабоко шокирани од злокобната вест, тие успеаа да смогнат сила да ни пренесат за "страшната сообраќајка' во која тешко настрадала балканската фолк дива Лепа Брена. Подоцна се утврди дека приказната е малку побанална но сепак, факат госпожа Јахиќ ги повредила двете раце, двете раце наопаку. Да потсетиме дека со таква нога, нејзе не и требаат раце за да си зададе болка во пределот на главата.