Еднаш линкавме до оваа рубрика но вреди и за посебно внимание. Некогаш моќниот и влијателен Дневник денес има ангажирано јасновидец која, логично, се вика Звездана и 'им гледа' на луѓе кои си имаат некоја мака. Не ни е за уредувачката политика, нам жал ни е за Орданче. Звездана го наруга за сите пари.
Кога не би воделе сметка за културата на јавниот збор, оваа епизода би ја најавиле вака: "Ќе мозгаме за клиентелизмот на владеачките партии, а ова овде, за говно во тегла би се продало". Ама, водиме сметка, па нема да го пишеме тоа.
Замина и Љани, еден од најдобрите гитаристи на овие простори. Ден за ден, Пу, Лева Патика... Идол на многу луѓе кои растеа во 70-тите за кои Љани беше Карлос Сантана на македонската инструментална сцена.