Бугарија: Битката за Русија

Во оригинал: 'Бой между русофили и русофоби в Бургас'. Се испотепаа прописно. по европејски. И пазете ова, тепачката започнала кога била спомната - Македонија. Абре браќа црепови...

Дали помисливте на ова пред да купите стан?

Презентност и уверливост каква одамна не сте виделе. Што и да е по професија, девојката во душа е актерка а во раце сообраќаец на раскрсница. Бидејќи знаеме на кое место ќе сакате да се вратите по репете откако ќе го изгледате целиот клип, тоа ви е точно на една минута. п.с. добро што не мораше да ни одглуми ништо од вецето.

Кога 3 месеци ќе ти ја бомбардираат земјата

Бомбардирањето беше пред петнаесетина години, видеово е некаде од март / април.

Ама, зошто?

Алекс и Елена во колa (ако ви личи на мк верзија на Андрија и Анѓелка, за жал, многу погрешно). Овие решиле да вклучат камера и да ни ја откријат тајната на нивната љубов (види наслов). И што мислат еден за друг (види наслов). И да нафрлат пар споменарски мудролии за смислата на животот (види наслов). И да ни се заканат дека отсега сите нивни муабети вака ќе ги документираат. Нееееее!

Нови битолски манакиевци

Битолчани и нивниот краток филм се во трка со уште 1.200 други учесници од цел свет, па сепак се држат меѓу првите 30. Тек сега ние кога ќе подбутнеме, нели?