Дигиталната баба Натка

Внукот на баба Натка од бугарското село Копиловци, пред некој месец ја научил како да општи и како да го користи интелектуалниот капацитет на ЧетГПТ, кого Натка нагалено го вика Джи Би Ти. Тој ѝ станува пријател, другар, советник .... и најмногу ѝ има помогнато околу патлиџаните. Натка има и сопруг, ама покрај Джи Би Ти, тој е во епизодна улога во нејзиниот живот. 

Крипто турбо фолк

Уште само ова му фалеше на светов: Аца Лукас најавува негов дигитален токен врзан на блокчеин околу која гради цела платформа за заработка, игрици, маици со неговиот лик и пред сè, шанса своите пари да ги спичкаш на рулет. Од мачо описот:„ Единствен токен кој се буди мамурен и пак оди пута 10. Го прави Аца лично, чист балкански хаос...“. Ќе има офкање.

Ова на Томпсон го нема

Како си поминавте на Ултра? прашуваат млади луѓе кои биле на тридневниот фестивал на електронска музика во Сплит. Една за малку ќе ја грабнеле, на друг му повраќале на глава, трета ја мавнале со шише, пред четврта се сексале, на други некој надрогиран им се забивал во тојфорите... Сите овие искуства младите ги сведуваат на оценката: Подобро во живот си немаме поминато.