Споменици и луѓе

Малку чудно склопен но занимлив странски документарец за овие простори. За социјалистичките споменици од времето на Тито (Тјентиште, Кадињача...) и луѓето кои денес живеат во нивна близина. При што ти останува дилема кој повеќе е запуштен: спомениците или тие луѓе.

Нашиов ништо не направил

Таман ќе си најдеме некоја пролазна политичка симпатија а тој велелепно ќе пропадне. Стигнаа резултатите на Константин од Теслиќ. Балканот ќе си тера по старо.

Станајте дел од нашата елита

Ако можевме на Кензо да им објавиме бесплатно реклама, можеме и на овие (ова ради нашиот финансов да не ни се секира). А се надреални повеќе отколку што би можел да се охрабри Спајк Џонз. Особено последната сцена, кога мали човечиња трчаат накај големото комбе! Линч. Дејвид Линч.

Еве лабаво, со Ламборџинито во претсобје

Се пишува за ова на Балканов деновиве, за албанскиот милионер кој си изградил помпезно грда реплика на Белата куќа. Куку ноне, па овој со наш Роџер да се фатат, може чуда да направат. Сакате да ѕирнете? И да не разбирате албански (на кој се темели видео презентацијата), ќе разберете, уметноста си има универзален јазик.